Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Економија

Николоски: Тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево е речиси завршен, за скоро го пуштиме во употреба

Финеси се работат на завршување на тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финеси се работат на завршување на тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево и во следните неколку недели ќе го пуштиме во употреба и целата таа делница од Извор до Врбјани со галериите, истакна вечерва заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју на една од националните телевизии.

-Таму одлично оди работата, сега одиме на фини работи, еве во среда ќе одиме со директорот Коце Трајановски на терен да видиме. Значи сме стигнати буквално до фарбање на тунелот, до поставување на осветлување во тунелот. Значи оние најситни, најфини работи, штом сме стигнале до таму, значи дека е одлично напреднато. Кога ќе се заврши целиот проект, треба да се дадат две дозволи. Едната е од Министерството за транспорт, втората е од Министерството за внатрешни работи. Никој нема да си дозволи да потпише било каков документ доколку сите стандарди не се исполнети- рече Николоски. 

Тој во интервјуто потенцира дека ќе остане за изградба најтешката делница кај Ботун, а целиот автопат да биде завршен во предвидениот рок

Реклама

-Останува најтешкиот дел на автопатот, знам дека многумина се зачудени зошто е тоа така, тоа е кај селото Ботун, по течението на реката Сатеска. Се избрало како што се избрало решение, таму целата земја е графитна, тоа е црна земја којашто при најмал допир со вода станува кашеста, не можете да ја стабилизирате и затоа решивме да одиме со решение коешто го понуди Синохидро, коешто е најмодерно решение кадешто се внесуваат армиран бетон челични столбови кои што одат по 20 до 28 метри во земјата и на тој начин се стабилизира земјата. 156 такви решенија има, веќе ги презентиравме во јавност и очекувам во рокот да бидат завршени- додаде Николоски.