Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Економија

Николоски: Рокот за почеток на градбата на брзата пруга во пролетта 2027 година нема да се поместува, над 20 компании покажаа интерес

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека рокот за почеток…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека рокот за почеток на градбата на брзата пруга во пролетта 2027 година нема да се поместува.

„Над 20 компании досега покажале интерес за изградба на брзата пруга од границата со Србија до границата со Грција“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за една од националните телевизии.

Тој повтори дека изборот на изведувачот ќе се врши преку компетитивен дијалог, со почитување на условите од меѓународниот финансиски механизам со Велика Британија.

Реклама

„Кажавме дека мора да се испочитува барањето на механизмот за меѓународно финансирање на Велика Британија, а тоа е да има најмалку 30 отсто британска компонента. Врз основа на тој дел ќе има компетитивен дијалог со сите компании коишто го исполнуваат тој услов и ќе се избере тој којшто ќе даде најдобра понуда и најевтина цена, секако“, вели Николоски.

Во врска со тоа каде граѓаните и медиумите може да се информираат за исплатливоста на проектот, односно за шесте студии за проектот, Николоски рече дека тие ќе бидат објавени штом заврши целата процедура.