Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Драстичен пад на смртноста кај новороденчињата и децата до пет години – Македонија меѓу најдобрите во светот

Значително е намалена смртноста кај бебињата и децата до 5 годишна возраст.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значително е намалена смртноста кај бебињата и децата до 5 годишна возраст. Последните статиски покажуваат дека за 87 проценти е намалена смртноста кај новороденчињата, а за 75 проценти е намалена смртноста кај децата до пет години. Овие статистики направени во периодот 2015 година до 2025 ја пласираа Македонија меѓу најдобрите земји во светот во борбата со смртност кај дечиња. Овој значителен напредок е резултат на подобрување на клиничките протоколи, заштитата од инфекции, набавката на современа опрема, обуката на докторите, вели директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, која потенцира дека и покрај одличните резултати и огромниот напредок, сепак уште треба да се работи. Болниците во руралните средини кои не можат соодветно да ги третираат предвреме родените бебиња и зголемениот процент на пораѓања со царски рез ги истакна како главни проблеми кои треба итно да се надминат.

„Мастер планот е основна алатка кој што укажува како треба ние да се однесуваме кон сите оние ризични пациенти, односно да се види каде точно во регионите може да се третираат. Се разбира ние нема да бидеме задоволни само со ова, и понатаму предизвикот останува, сакам да истакнам дека потребно е зајакнување и имплементација на мастер планот, детектирање на оние региони каде што нема соодветно одговарање за третман на дечињата и како гинеколог да се адресираат проблеми за процент на царски рез и да се упати внимание за ревидирање на клинички протоколи затоа што секој царски рез понатаму носи ризици и за мајката и за бебето.“– вели директорката на клиниката за гинекологија и акушерство Ирена Алексиовска Папастиев.

Пофалба за овој значен напредок дадоа и од светските организации со надеж за уште поголеми успеси. Според нив Македонија се издвојува од останатите земји како најуспешна приказна за намалување на смртноста на децата.

Реклама

„Резултатите покажуваат дека може да се постигне брз напредок кога приоритет се става на континуираните инвестиции во здравјето на мајките и децата. СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА се горди што го поддржаа Министерството за здравство во текот на овој процес и преку соработка постигнавме да се воведат и прошират иновативни интервенции, да се зајакнат здравствените системи и нашето партнерство поттикна култура на континуирано подобрување и отчетност. Од суштинско значење е земјата да продолжи да ја одржува својата посветеност кон квалитетот, правичноста и отпорноста во здравјето на децата.“– вели Шефот на Канцеларијата на СЗО во Македонија, Аким Али.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека овие бројки се за гордеење. Македонија е успешен пример за останатите држави, а реформите, спасувањето на детски животи и заштита на мајките и понатаму ќе останат приоритет во македонското здравство.