Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Џијанг Сјаојан: Стабилни и успешни се билатералните односи меѓу Кина и Македонија

Билатералните односи меѓу Кина и Македонија се развиваат многу стабилно и успешно.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатералните односи меѓу Кина и Македонија се развиваат многу стабилно и успешно. Двете страни заемно се почитуваат и ги негуваат фундаменталните интереси на другата страна – изјави амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, при денешната посета во прилепската болница одговарајќи на новинарското прашање како глобалната состојба со војната се рефлектира врз пријателството меѓу двете земји.

Амбасадорката Сјаојан вели дека Кина инвестира во соработка и комуникација во разни сфери и области и во иднина навистина сака повеќе комуникации и соработка. Инаку, Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија.

– Во иднина навистина сакаме повеќе комуникации и соработка. Сакаме колку може повеќе македонски пријатели да ја посетат Кина и очекувам повеќе реални резултати во соработката меѓу нас. Недамна во Кина имаше две сесии, на кои се усвои 15-тиот петгодишен план. Кинеската страна објави дека Кина ќе биде со уште пошироко отворена врата за целиот свет и очекуваме повеќе соработка и комуникации. И во трговијата меѓу двете страни има исто успешни резултати. Во моментот Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија и прв извозник во Европската Унија – изјави Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија при денешниот престој во Прилеп.