Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Посебен влез во кафеаните за непушачите, предлог-законот за пушење во вторник на владина седница

Ако сте непушач, а сакате да отидете на вечера во некој ресторан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако сте непушач, а сакате да отидете на вечера во некој ресторан или кафеана, газдата ќе мора да ви обезбеди влез, кој е целосно одвоен од просторот каде што се пуши. Ова е предвидено со новиот предлог – закон за пушење, за кој министерот за здравство Алиу објасни дека го има сработено тим на експерти од здравството, а во предвид ги земале забелешките на сите инволвирани страни, како од угостителската, така и од тутунарската индустрија.

„Една од најголемите, ајде да кажеме, инфраструктурни зафати кои што треба да ги имаат сите бизниси кои се занимаваат со ваков тип на услуги, ќе мора, значи со закон ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект кој што е одвоен од просторот каде што се пуши“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Целта на новиот закон е да се заштитат граѓаните кои се непушачи, а во исто време да им се одреди место на оние коишто пушат, објаснува Алиу. Според новите предлози, пушење ќе биде дозволено на тераси со најмалку две отворени страни или со отворен кров. Во Скопје досега има околу 7000 угостителски објекти и за поголемиот дел од нив е речиси невозможно да беобезбедат трет отвор како што првично беше планирано.  

„На пример, во аголни и така натаму, кои што од едната и од другата страна имате објекти коишто вие не можете да срушите објект за да имате три страни отворени. ​Ние затоа ставивме во законот да може и кровот да биде отворен и да се третира, бидејќи се докажа дека со третирање и на кровот како отворена страна, воздухот за неколку секунди се чисти“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Предлог – законот на 24 март, во вторник ќе биде ставен на седница на Влада, а до почетокот на мај се очекува да биде процесуиран во Собранието. Законот првично беше најавен дека ќе почне да се применува од 1 март, но беше одложен поради реакции и забелешки од граѓаните, угостителите и тутунската индустрија.