Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Савевски утре ја презема функцијата, најавува транспарентност и крај на селективната правда

Без товар што не доби поддршка од опозицијата и без да прави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без товар што не доби поддршка од опозицијата и без да прави селекција на предмети, новиот државен обвинител Ненад Савевски од утре го започнува својот мандат. Откако ја даде свечената заклетва во Собранието, тој на јавноста и порача дека ќе биде транспарентен, нема да има селективна правда, ниту пак го интересираат политичките партии и нивните интереси. Очекувал поголема поддршка во Собранието, но тоа што мислат партиите не е во негов домен.

„Но, интересите на политичките партии не се мој интерес, ниту вчера ниту денес, ниту во иднина. Секој кажан збор на вчерашната расправа, беше од големо значење. Товар не чувствувам, политиката е на политичките партии, никогаш не била мој интерес“. Без оглед колку гласови сум добил, одговорноста моја зависи од тоа што како законска обврска е предвидено во делокругот на моето постапување. Пред себе секогаш сум го имал Уставот, законите и меѓународните стандарди и сите меѓународни документи кои се дел од нашиот правен поредок“, вели Савевски.

Јавноста и дел од власта изминатиов период бараат од новиот државен обвинител да расчисти со сите остатоци од пропаднатото СЈО како и вртоглавите бонуси на екс специјалните обвинители. Но, не само со СЈО, јавноста очекува да се постапува и за Модуларната Болница, тендерите во Рек Битола и ред други постапки од профил на висока корупција за кои Владата информираше дека се чуваат во фиоки. Запрашан за ова, Савевски вели дека нема ниту еден предмет да биде приоритетен, затоа што за него секој предмет има еднакво значење.

Реклама

„Нема да правам приоритети на предмети, се знае, само кога има законски основ кои предмети имаат приоритет. Селекција не се прави на тој начин, ниту од кого би бил повикан како да постапам, напротив има законски регулативи врз основа на кои секој јавен обвинител постапува. Тие важат и вчера, и денес, и утре, и во иднина, така што јавноста, вклучително и политичката јавност има право да има очекувања, има право да го коментира постапувањето на јавните обвинители и на Јавното обвинителство генерално, меѓутоа, сепак секој јавен обвинител пред себе ги има законските регулативи – Законот за јавно обвинителство, Законот за кривична постапка и Кривичниот законик и, секако, меѓународните стандарди во секојдневното постапување“, кажа тој.

66 пратеници гласаа за неговиот избор. Неговото име предизвика жестока пратеничка дебата, но на седницата на која го избраа најмалку се зборуваше за неговиот интегритет и програмата за враќање на довербата во институцијата. Пратениците ја искористија говорницата како форум за убедување на јавноста која власт повеќе придонела за контрола врз правосудството. Се зборуваше за периодот од Михајло Маневски до кланот Заеви и Чарлиевите ангели на СЈО.

Ненад Савевски е 19-ти државен обвинител. Тој е наследник на Љупчо Коцевски кој во декември си даде оставка откако Собранието закажа седница на која требаше да биде разрешен. Претходно, пратениците му изгласаа и интерпелација. Во неговиот мандат како и во мандатот на неговиот претходник Љубомир Јовевски, довербата на граѓаните во судството се стопи на ниво на статистичка грешка од само 2 %.