Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Бесплатни терапии за ментално здравје во Драчево: Нова услуга на Општина Кисела Вода во соработка со здружението „Холизам“

Бесплатни обуки за ментално здравје и психолошка отпорност ќе се реализираат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатни обуки за ментално здравје и психолошка отпорност ќе се реализираат во просториите на Домот на култура во село Драчево, преку соработката на Општина Кисела Вода со здружението за едукативен, психолошко-педагошки и социјален развој „Холизам“. Овие активности, како што соопшти Општина Кисела Вода, се наменети за поддршка на жените кои се наоѓаат во социјален ризик и не можат да си дозволат ваков вид професионална помош, за мајките на деца со попреченост, како и за сите оние кои поминуваат низ тешки животни кризи и имаат потреба од стручен разговор.

Услугата вклучува групни работилници со психолог и педагог, фокусирани на јакнење на самодовербата, емоционалната стабилност и градење механизми за справување со стресот. Дополнително, во текот на месецот, предвидена е и можност за бесплатни индивидуални сесии за две жени кои ќе имаат најголема потреба од ваков тип поддршка. Сите заинтересирани граѓанки кои припаѓаат на овие категории, својот термин можат да го закажат телефонски на броевите 070 431-775 и 071 236-927, секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

-Ниту една жена не смее да се чувствува заборавена или сама во својата борба. Свесна сум дека жените кои се соочуваат со социјални потешкотии и мајките на децата со попреченост, го носат најголемиот товар на своите плеќи, а честопати немаат каде да побараат поддршка за себе. Затоа, овој проект кој го спроведуваме во соработка со здружението „Холизам“ не е само обична обука, туку конкретна и реална поддршка. Преку работа со стручни психолози и педагози, сакаме да им овозможиме простор каде ќе ги зајакнат своите лични капацитети и стабилност. Ги повикувам сите кои имаат потреба, без двоумење да се јават и да ги искористат овие бесплатни терапии, бидејќи градењето здрава заедница започнува токму од поединецот- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.