Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Водата во Скопје е безбедна за пиење

192 примероци вода од 48 мерни места низ Скопје покажуваат дека водата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

192 примероци вода од 48 мерни места низ Скопје покажуваат дека водата за пиење во главниот град е целосно безбедна. Мерењата уследат по предупредувањата од биолозите дека депонијата кај „Југохром“ ја загадува водата за пиење. Депонијата со јаловина од хром, преку подземните води, е закана и за главниот извор Рашче, од каде скопјани добиваат вода- предупредуваа биолозите. Но, мерењата покажуваат дека простор за паника нема.  Сите примероци земени во периодот од 9ти до 13ти март се испитани преку физичко-хемиска и микробиолошка анализа.  

„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.“- велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Дополнително од претпријатието нагласуваат дека природниот извор Рашче, останува  ресурс со непроценлива вредност за Скопје.

Реклама

Сепак, експертите не сметаат дека ризиците треба да се исклучат. Биологот Ана Чоловиќ Лешоска вели дека доколку дојде до загадување со шестовалентен хром, водата од Рашче не би можела да се користи ниту како техничка, што би значело трајна загуба на клучниот воден ресурс за главниот град. Апелот до Министерството за животна средина е да се донесе конкретна одлука за справување со депонијата, за трајно да се исчезне ризикот од загадување на изворот за вода од кој зависи целиот град.