Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Споменикот на културата, турскиот амам, или познатата прилепска градска бања стана опасност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Споменикот на културата, турскиот амам, или познатата прилепска градска бања стана опасност за пешаците, но е и во критична состојба. По дојава од граѓаните, прилепскиот Завод и музејот ја огради пешачката зона пред Амамот зашто секој момент делови од овој споменик на културата може да отпаднат. Стручен тим направи увид и ја потврди опасноста. 

Музејот изготви извештај за состојбата со Турскиот амам и го достави до Управата за заштита на културното наследство, а и до сопственикот на објектот.

-Од направениот увид на лице место, стручниот тим констатира  дека постои опасност од опаѓање на делови од ѕидот од печени тули  од крајниот дел, од неговата северна страна, на спојот со новоизградениот објект до него- Спортска обложувалница, што претставуваше дирактна закана за минувачите во пешачката зона. Поставивме ограничување на просторот и поставивме знаци за опасност од паѓање каде се движат пешаците – вели Мимоза Хртистоска, директорка на Завод и музеј – Прилеп

Реклама

Во 1955 година Турскиот амам е регистриран како споменик на културата од Централниот завод за заштита на културните споменици и природни реткости во Македонија и потоа е изготвено решение за утврдување својство на споменик на културата од 1989 година. Ги има сите статуси на заштитено културно добро. 

-Во секој случај, мора што побрзо да се преземат заштитни мерки на самиот објект, за конзервација и  реставрација, зашто објектот е во критична состојба, вели Христоска. 

Со денационализацијата, во почетокот на овој век Амамот е вратен на поранешните сопственици, а од 2009 година, објектот на преку 400 метри квадратни во старата прилепска чаршија има нов сопственик според кој уште од 2013 година се обидува да го спроведе проектот „Реставрација, ревитализација и реконструкција на Турски амам – Прилеп“. 

Сѐ ќе остане како што си е, но оживеано во нова архитектура.

Прв поднесок на проектот имав во 2013 година. Потоа следуваше мала измена со доградба во 2017 година, повторно аплициравме 2020. Во системот проектот беше една година. Дојдовме до уплата на комуналии- надоместок за градежно земјиште но проектот не помина зошто општината една година не ни даде пресметка за уредување на градежно земјиште. Проектот сето време е заглавен во институциите. Се обидуваме да го решиме тоа по четврти пат, вели сопственикот на споменикот на културата- Турски амам, Антонио Момироски.

Амамот потекнува од втората половина на 19 век. Користен е како градска бања до крајот на 70-тите години од минатиот век. Сега е споменик на културата во опасност.