Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Муцунски на Македонско–јапонски бизнис форум: Партнерството меѓу бизнисите е клучно за нови инвестиции и економски раст

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на Македонско–јапонскиот бизнис форум, организиран од Амбасадата на Јапонија во Скопје, на кој, како што информираат, учествуваат повеќе од 150 претставници од бизнис-заедницата и B2B средби за вмрежување и директна соработка меѓу компании од двете земји.

Муцунски, како што информираат од неговиот Кабинет, во своето обраќање ја нагласил важноста на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете држави и истакнал дека традиционално добрите билатерални односи треба да се преточат во уште поинтензивна деловна соработка.

– Нашите две земји имаат традиционално одлични и пријателски односи, изградени врз основа на меѓусебна почит, доверба и поддршка. Но пријателството само по себе не е доволно – партнерствата мора да носат и конкретни резултати – истакна Муцунски.

Реклама

Тој посочил дека актуелната трговска размена меѓу двете земји изнесува околу 140 милиони долари годишно, што претставува добра основа, но е далеку под потенцијалот што го нудат двете економии.

Муцунски нагласи дека земјата нуди стабилна економска средина, отворен и конкурентен пазар, како и силна институционална поддршка за странските инвестиции и иновациите, при што ја потенцираше и стратешката географска позиција, квалификуваната работна сила и посветеноста на економските реформи.

-Она што е најважно не е само инвестицијата, туку партнерството – партнерство меѓу бизнисите, меѓу иноваторите и меѓу две земји кои веруваат во отвореност, соработка и заеднички просперитет- нагласи министерот.

Муцунски, се вели во соопштението, оценил дека во услови на брзи трансформации во глобалната економија, продлабочената соработка меѓу јапонските и македонските компании може да отвори нови можности во области како технологијата, производството, зелената транзиција и напредните индустрии. Тој, исто така, истакна дека Владата останува посветена на подобрување на бизнис-климата, олеснување на инвестициите и поддршка на нови економски партнерства, со цел иницијативите и контактите воспоставени на форумот да прераснат во долгорочни успешни деловни приказни.

Македонско–јапонскиот бизнис форум, се вели во соопштението, претставува важна платформа за поврзување на компаниите од двете земји, размена на идеи и отворање на нови можности за инвестиции и економска соработка.