Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Муцунски: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство.

Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Мојата цел е до крајот на оваа недела сите наши граѓани што побарале евакуација да бидат во државава, изјави Муцунски.

Реклама

Над 600 македонски државјани вкупно се очекува да бидат евакуирани оваа недела, иако оваа бројка, напомена министерот, може да биде променлива.

Следниот авион, дополни, треба да пристигне во вторник.

Министерот, кој ги пречека патниците директно, пред авионот, се поздравуваше со секој од нив, а на припадничките од понежниот пол им подари и по една ружа, во чест на празникот 8 Март.

Муцунски за утре најави прес-конференција на која ќе соопшти детали.