Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Стравот од војната на Блискиот исток предизвика недоразбирање помеѓу патниците и туристичките агенции

Досега, над 100 македонски граѓани ги имаат откажано  патувањата за осми март,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досега, над 100 македонски граѓани ги имаат откажано  патувањата за осми март, поради страв од можна ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток. Ваквата состојба создава штета и на патниците, но и на туристичките агенции. Таков пример беше и групата од 57 жени кои уплатија пари за осмомартовско патување во Кипар, а не заминаа поради војната на блискиот Исток. Жените велат дека се во постојана комуникација со агенцијата и дека настанатите проблеми очекуваат да бидат надминати.

„Во контекст на продолжувањето и мирно решавање на целосната ситуација и за да продолжи нашата соработка повторно сакам да се изванам на агенцијата во мое лично име. 00:44 Сакам да потенцирам дека таа изјава е дадена во има на сите 57 жени не само во мое лично име, дека сите ние 57 се водиме од оопштението од МНР го сметаме и е официјална препорака врз основа на која ниедна од нас не би се довела да ја стави во ризик сопствената безбедност“, изјави Билјана Цветковска.

По објавувањето на прилогот двете страни се договориле дека ќе бидат во постојана комуникација околу начинот на поврат на дел од средствата. Од Националната асоцијација уверуваат дека нема причина за откажување на аранжманите, бидејќи во Кипар не е прогласена вонредна состојба, ниту пак постои официјална забрана за туристички посети. Оттаму укажуваат на трпение кај патниците кои ги откажуваат аранжманите од лични причини, нагласувајќи дека во такви случаи не следува целосно враќање на средствата. Сепак, велат дека туристичките агенции се обидуваат да најдат најповолно решение за клиентите. Бесплатно раскинување на договор без финансиски последици е можно само доколку има прогласена вонредна состојба. Во врска со настанатата ситуација, Асоцијацијата побарала средба со министрите за туризам и за надворешни работи, со цел да се пронајде соодветно решение и да се прецизира во кои земји може безбедно да се организираат туристички патувања.