Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Кампања „Еднакви можности секој ден“ во Делчево во пресрет на 8 Март

Со порака дека 8 Март не е само ден за честитки, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со порака дека 8 Март не е само ден за честитки, туку потсетник дека еднаквите можности се темел на праведно и силно општество, Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево и Општина Делчево ја спроведуваат кампањата „Еднакви можности секој ден“ во пресрет на Меѓународен ден на жената – 8 Март.

Целта на кампањата е да испрати јасна порака дека родовата еднаквост не треба да биде тема само по повод празникот, туку вредност која се живее и применува секојдневно – во институциите, на работното место, во образованието и во семејството.

– Еднаквоста не е привилегија, туку право и таа се практикува не еден ден, туку секој ден, посочуваат организаторите на кампањата.

Реклама

Како дел од активностите за поинакво одбележување на 8 Март, Комисијата и Општина Делчево ќе организираат акција за засадување цвеќиња со цел разубавување на дел од градскиот парк пред Спомен-дом АСНОМ.

Во акцијата е предвидено да учествуваат членки на Комисијата за еднакви можности, координаторките за еднакви можности од Општина Делчево, советнички, раководителки, работнички, како и претставнички на граѓанскиот сектор и на месните и урбаните заедници.

Во рамки на настанот, во соработка со Организацијата ЖЕНА, ќе бидат поделени и информативни флаери за значењето на еднаквите можности во градењето здраво и праведно општество.

Со кампањата „Еднакви можности секој ден“ организаторите упатуваат порака дека родовата еднаквост е заедничка одговорност и вредност која треба да се негува и унапредува во секојдневниот живот.