Реклама

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на Вооружените сили на САД

Делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на  Соединетите Американски Држави.

Во текот на престојот во САД, генералот Лафчиски, во Пентагон во Вашингтон ќе има средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, соопшти ГШ.

Армиската делегација ќе присуствува на церемонијата за примопредавање на должноста на командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, помеѓу генерал-мајор Грегори Најт, кој заминува во пензија и новиот командант генерал-мајор Хенри Хардер.

Реклама

Посетата на македонската армиска делегација на САД ќе вклучи бројни работни состаноци со високи воени претставници од Пентагон и Националната гарда на Вермонт, како и посети на клучни воени капацитети, со цел да се  зајакне и унапреди стратешката одбранбена соработка помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.