Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Македонија меѓу најбрзорастечките економии во Европа – силен раст од 3,8% во последниот квартал

Македонската економија се зголемила за 3.8% во четвртиот квартал со што просечната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија се зголемила за 3.8% во четвртиот квартал со што просечната стапка на раст за цела 2025-та година достигна 3.5%. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика најдобри резултати имаат секторите: градежништво со раст од 14.6%, стручни и научни дејности со 8.1% и трговија со 4.4%. Ова е само потврда на позитивните економски движења во земјава, коментира министерката за финансии.

„Ова е уште една потврда дека силната посветеност на Владата на реализацијата на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци динамика и услови за градба придонесе за динамизирање на  економската активност“, изјави Гордана Димитриевска Кочоска, министерката за финансии.

Гордана Димитриевска – Кочоска резултатите се во рамки на проекциите на Министерството за финансии и дека се и повеќе од охрабрувачки, додава дека повисоки стапки на раст во Европа имаат само Малта, Кипар и Полска. За Кочоска овие податоци се резултат на внимателно планирање и поддршка на стопанството, како и одговорно управување со јавните финансии. 

Реклама

„Доколку споредуваме со земјите од регионот растот во Србија изнесува 2,5%, во Хрватска 3,6% во Бугарија 3% во Словенија 2 и така натаму. Растот на економската активност во 4 квартал е на широка основа што речеиси сите сектори забележаа раст“, изјави Гордана Димитриевска Кочоска, министерката за финансии.

Според официјалните податоци растот бил 2.9% во првиот, 3.5% во вториот и по 3.8% во третиот и четвртиот квартал. Ова, според надлежните, е солидна основа за натамошно забрзување на економските активности. Извозот на годишно ниво пораснал за 6.1%, а увозот за 6.7%. Финалната потрошувачка на домаќинствата била поголема за нешто над 2%. Буџетскиот дефицит за минатата година останал во рамки на планираното и изнесува 4% од БДП. Дополнително, јавниот долг бележи намалување и согласно податоците на ДЗС изнесува 59,3% од БДП, што претставува значаен сигнал за зајакнување на макроекономската стабилност.