Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска доби примерок од првиот Македонски етимолошки речник од авторот Цветановски, жител на Кисела Вода

Проф. д-р Гоце Цветановски ѝ го подари првиот том од Македонскиот етимолошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проф. д-р Гоце Цветановски ѝ го подари првиот том од Македонскиот етимолошки речник на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. Истакнатиот македонист, кој потекнува токму од оваа општина, на создавањето на овој обемен лексикографски труд работеше интензивно во изминатите три години, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода. 

Станува збор за прво издание од ваков вид во домашната македонистика, во чии рамки научно се елаборира и систематизира потеклото на македонскиот зборовен фонд. Неговата вредност е од суштинско значење, бидејќи пополнува повеќедецениска празнина во лингвистичката наука, нудејќи им прецизна етимолошка база како на стручните лица, така и на пошироката јавност. Со овој лексикографски потфат, македонскиот јазик се позиционира меѓу јазиците во регионот кои веќе поседуваат свој етимолошки речник.

-Ми претставува задоволство што бев домаќин на професорот Гоце Цветановски, кој потекнува од Кисела Вода и е автор на првиот македонски етимолошки речник. Ова е дело на кое се работело посветено три години и кое е од исклучителна важност за нашата наука и за македонскиот јазик воопшто. Како локална самоуправа, секогаш сме исклучително горди кога луѓе кои потекнуваат од нашата општина оставаат ваков траен белег и постигнуваат врвни резултати од национален интерес. Му благодарам на професорот за овој вреден подарок и за неговиот придонес во негувањето на македонскиот јазик,  истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.