Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со в.д. амбасадорката Варнс: Продлабочување на соработката со САД

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со вршителката на должноста шеф…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединети Американски Држави во земјава, Никол Варнс.

Како што информираше градоначалникот на својата Фејсбук-страница, на средбата ѝ посакал успешен мандат и изразил подготвеност за продолжување и продлабочување на досегашната соработка со САД, особено во областите од суштинско значење за нашето општество, како борбата против корупцијата на сите нивоа, унапредувањето на демократските процеси и јакнењето на учеството на граѓаните во носењето одлуки во локалната самоуправа.

– Во разговорот ги презентирав главните проекти на кои интензивно работи Град Скопје во изминатите три месеци. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на сообраќајната инфраструктура, подобрувањето на јавната хигиена, создавањето нови зелени површини и отворањето простор за поголемо вклучување на младите во општествениот живот и процесите на одлучување. Верувам дека токму овие политики ја градат основата на едно модерно, функционално и одговорно урбано управување, напиша градоначалникот.

Реклама

Ѓорѓиевски соопшти дека се разговарало и за можностите за продлабочување на соработката меѓу збратимените градови Скопје – Темпи и Скопје – Питсбург, преку иницирање програми за студиски престој на средношколци и уметници.

– Таквите размени претставуваат мост на пријателство, преку кој младите ќе имаат можност да се запознаат со културата и специфичностите на животот во збратимениот град, но и достојно да ја претстават сопствената култура преку своето творештво, нагласи градоначалникот.

Тој додаде дека убеден е оти токму ваквите иницијативи придонесуваат за трајно зближување на народите, засновано врз взаемна почит и разбирање.

– На денешната средба уште еднаш беше потврдена долгогодишната и принципиелна поддршка на САД како наш стратешки партнер, како и подготвеноста за реализација на идни заеднички проекти насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Скопје. Остануваме посветени на градење партнерства што носат конкретни резултати и создаваат подобра иднина за нашите сограѓани, истакна градоначалникот.