Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Седница на Советот на Народната банка – макроекономските движења се во рамките на проекциите

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година, ги разгледа најновите макроекономски показатели и извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.

Според информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии. Во домашната економија најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година реалниот раст на БДП изнесува 3,8 % и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација во 2025 година изнесува 4,1 % и е блиску до проекциите. Во јануари 2026 година девизните резерви забележаа раст и се на ниво кое, во согласност со прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10 % и на кредитите од 13 % во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината.

Според извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година девизните резерви се зголемија и на крајот на декември достигнаа 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, речиси 74,2 % од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5 %) и депозитите и паричните средства (9,3 %). Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг, кои овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и урамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година.

Реклама

На седницата на Советот беа разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка.