Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Гаши – Грлиќ Радман: Континуирана и цврста поддршка за евроинтеграциите

Хрватска останува силен поддржувач на европската интеграција на Македонија, беше посочено на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хрватска останува силен поддржувач на европската интеграција на Македонија, беше посочено на денешната средба на претседателот на Собраниетo, Африм Гаши, со хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна официјална посета на државата.

Посакувајќи му срдечно добредојде во законодавниот дом на високиот претставник на пријателска и блиска држава, Гаши изрази благодарност за континуираната и цврста поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на европската перспектива на државата, како и за севкупната билатерална соработка што се развива во духот на меѓусебна почит, разбирање, солидарност и партнерство. Тој нагласи дека особено се цени подготвеноста на Хрватска да ги споделува својата драгоцена експертиза и искуството од процесот на пристапување и водењето на преговорите за членство.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, беше истакната и важноста на сојузништвото и соработката во рамките на НАТО, каде што двете држави се силно посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, принципи и одговорности на алијансата.

Реклама

Соговорниците се согласија дека политиката на проширување на Европската Унија претставува стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, како и на целиот европски континент, а беше поздравена и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со што Македонија покажа дека е кредибилен партнер.

Гаши и Грлиќ Радман нагласија дека Македонија и Република Хрватска секогаш негувале пријателски однос, базиран на висока почит кон човековите, националните, културните права на малцинствата штостудираат, работат или живеат во двете држави, што претставува позитивен пример во регионот и пошироко.

Претседателот на македонското Собрание изрази увереност дека посетата на министерот Грлиќ Радман ќе придонесе за дополнително зацврстување и унапредување на односите меѓу двете држави на сите полиња од заеднички интерес, како и дека Македонија и натаму ќе смета на силната хрватска поддршка за нејзина интеграција во Европската Унија.

На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска.