Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ЈПС – Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети.

-Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Оттаму појаснуваат дека за граѓаните да надополнат картичка, треба да влезат на skopjebus.mk, да изберат„Надополни картичка“, да ги внесат потребните податоци за картичката, да одберат дали сакате билети или износ (средства) и да ја потврдат и завршат постапката.

Реклама

-Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load, наведуваат од ЈСП – Скопје