Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Извидничката марама е повик за младите да бидат одговорни граѓани на заедницата

Извидничката марама е повик да се биде дел од една стратегија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извидничката марама е повик да се биде дел од една стратегија за развој на младите личности, обучување со вештини за живот и подготвка на одговорни граѓани во општеството, вели Соња Ангеловска, старешина на извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“, Крива Паланка.

Денес е Меѓународен ден на извидниците, што ИО „Наум Наумовски Борче“ го одбележа симболично ден претходно со крводарителска акција под мотото „Направи добро дело“, во соработка со Црвен крст Крива Паланка и Институт за трансфузиона медицина Скопје, на која беа собрани 92 единици крв.

-Крводарителската акција е програмска активност која традиционално ја спроведуваме по повод 22 февруари -Меѓународниот ден на Светската скаутска организација, но сакам да нагласам дека во текот на сите 365 дена извидничката марама е повик младите да се приклучат кон организацијата и да бидат одговорни и активни граѓани на општеството. Сите деца, млади и возрасни кои се одлучиле некогаш да ја носат извидничката марама или сѐ уште ја носат и се дел од најголемото светско извидничко движење во кое членуваат извидници од 180 земји од светот, денес треба да бидат горди на она што го знаат и го научиле низ извидништвото, преку работилници, обуки, кампови, исполнети со разни авантури, рече Ангеловска.

Реклама

Во Македонија првите чекори за основање на извидничкото движење се појавуваат уште во 1921 година но поради низа на околности и воените дејствија, извидничкото движење официјално се појавува во 1952 година кога и се основа Сојуз на извидници на Македонија.

Сојузот составен од извиднички одреди работи во склоп на Сојуз на извидници на Југославија сѐ до 1993 година кога истиот официјално престанува со работа.

-Оттогаш до денес Сојузот на извидници на Македонија работи како најголема младинска чадор организација која обединува извиднички одреди распределени на територија на Македонија. Во 1997 година Сојуз на извидници на Македонија е примен како рамноправна членка во Европската скаутска организација, додека извидничкото движење во Крива Паланка се појавува на 10 ноември 1960 година кога и официјално е основан нашиот извиднички одред „Наум Наумовски -Борче“, кој денеска претставува младинска организација што обединува млади, а преку својата програма и стратегијата за развој на извидништвото ги подготвува младите за одговорно граѓани во општеството, додаде Ангеловска.

Извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка е полноправна членка на Сојуз на извидници на Македонија. Извидночкото движење во Крива Паланка има голема и богата традиција за што говори музејската збирка како дел од извидничкиот музеј во Крива Паланка.

-Извидничкиот одред со своите членови спроведува разни активности прилагодени за нивната возраст, а во последните години активно е вклучен во заштита на животната средина преку спроведување проекти и активности со кои се подигаат зелени шумски појаси и се врши пошумување на опожарените земјишта. Основната програма се состои од еднодневни хајкови, повеќедневни логорувања, ориентациони натпревари, прва помош, снаоѓање во природа, ноќевање во бивак и друго, така што, ги охрабрувам и повикувам младите да ни се придружат, рече Ангеловска.