Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Сведоштво на Христо поп Антов: Како се славела Прочка во кавадаречко во 90-тите години на 19 век

Весел празник беше и Прочка, која се паѓа на осум недели пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весел празник беше и Прочка, која се паѓа на осум недели пред Велигден. Тој ден сите си простуваат едени на други за да бидат подготвени за пречек на големиот празник Велгиден. Во секој куќа мораше да има сукана баклава или најмалку кадаиф и гурабии, но овие две блага немаа голем углед. Поради Прочка, мајка ми уште два-три дена пред празникот сукаше баклава за најголемата тепсија. Многу пред тоа ги подготвуваше потребните материјали: пресно или топено масло, ореви, нишесте, брашно.

Во четвртокот пред неделата, таа ги сукаше корите, а ние само се вртевме околу неа. Правеше 60 или 70 кори, тенки како цигарена хартија и ги редеше во тепсијата, при што од краиштата на корите во помала тепсија правеше друга баклава, таканаречена „сиромашка баклава“.

Откако ќе се испечеше во фурната, малата баклава ја полеваше со шербети и ни беше дозволена да ја јадеме, а големата се начнува само во недела, за ручекот. Месо или месни јадења на Прочка не се прават. Се јадат риба и зелник.

Реклама

По вечерната литургија, каде постарите луѓе во црквата си проштеваат меѓу себе, почнува празникот. Куќите секому се отворени. Целата тепсија со баклава е поставена на софрата среде соба и околу неа се наредени леблебија, суво грозје, ракија и чашки за ракија. Приквечер почнуваат посетите на познати и блиски. Следуваат благослови, добри желби за пречек на големиот ден. Следуваат благослови, добри желби за пречек на големиот ден. Ние децата ги обиколувавме сите познати во маалото и бездруго ја пеевме песната „Трчај, трчај, коњу“. Имаше и други песни: Чудно стана по свето, да се гонат владици и патрици“… и поновите песни „Македонијо, мајко мила“… До доцна во ноќта песните се слушаа низ сето маало, низ целото село. Најблиските роднини при крајот на вечерата се собираа на едно место и веселбата и јадењето продoлжуваа до стемнување, зашто од утре требаше да се држи „тример“, т.е. да не се јаде ништо до кај икиндија (до зајдисонце), кога камбаната бие за вечерна. До тоа време ништо не се јадеше , ниту се пиеше вода.

А имаше луѓе штодржеа тример до средата наутро, кога одеа в црква, се причестуваа и почнуваа да јадат. Овој пост се држеше за здравје, а момите за избор на убаво момче.

На чист понеделник жените, сите до една, миеја се со пепел и сапун. Циганите уште од рано ги обиколуваа куќите да ги соберат остатоците од јадењето кое беше изобилно. Во прво време и мајка ми остатокот од баклавата им го даваше на Циганите, но подоцна ја чуваше до Свети Тодор и веќе возрасни, се послужуваве од неа на тој ден. Уште од Чист понеделник почнуваа подготовките за Велигден…“

(Од Спомените на Христо Поп Антов)

Христо Поп Антов  (16. V 1879 – 31. I 1964) е учител и македонски револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Во 1899 година завршил педагошко училиште во Скопје, а право во Швајцарија. Учителствувал во Кавадарци и бил раководител на ОК на МРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Во 1910 година работел како судија во Скадар, а потоа бил адвокат во Софија.