Реклама

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Македонија

Со детскиот карневал, во Прилеп почнаа карневалските свечености за „Прочка 2026“

Со преку 200 учесници на детскиот карневал, почнаа карневалските свечености во Прилеп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со преку 200 учесници на детскиот карневал, почнаа карневалските свечености во Прилеп за Прочка. Учениците од прилепските училишта ги покажаа своите креации.

-Ние сме околу 70 учесници  и претставуваме весела фарма. Имаме јагниња, млекарки, чувари, па дури и лош волк од кого бегаме. На маската работевме две недели, вели ученичката Анастасија Здравеска од ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп.

Оригинална креација имаа учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од хемиската секција.

Реклама

-За нашата публика подготвивме и ерупции на вулкани, повикување духови, необични хемиски екслозии и ерупции, вели наставничката по хемија од ОУ „Гоце Делчев“, Кети Иваноска.

Според традициите, денеска, прилепските мечкари, заштитната маска на прилепскиот карневал, ги посетија касапите. Подготвени се да ја продолжат 100- годишната традиција на маската заштитена како нематеријално културно богатство.

-Горди сме на маската. Уникатна е, призната во светот. Дојдовме до податоците дека маскираните групи шетале уште пред повеќе од 100 години. Прилепските мечкари се маска, одраз на традициите и културата од ова поднебје и ќе остане да живее. Мечкарите се подготвени за утрешното централно дециле на 25-тиот карневал „Прочка“, рече Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, организатор на карневалот.

Утре од 13 часот во центарот на прилеп е централното дефиле на маските. Учествуваат околу 500 маскирани од земјава и странство, а карневалската поворка ја предводат Прилепските мечкари кои ќе го отворат и Карневалот.