Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска, додека јавно говори за подобност, да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО, каде што таа ѝ беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на обвинителката Ленче Ристоска.

Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите што ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е, од друга страна, пак, што ист човек во својата приватна фирма („Мамас“) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога избирал за државно обвинителство, примал луѓе што беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку, мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поинакви и побитни критериуми.

И за крај, порачуваме барем да биде реална и искрена и додека говори јавно за подобност и критериуми и глуми, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Не се ова СДСM и СЈО. Тоа време помина.