Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Уставниот суд дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост

Уставниот суд денеска 18.02.2026 ја одржа 4. седница на која дискутираше по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска 18.02.2026 ја одржа 4. седница на која дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи: 

1. Реферат У.бр.25/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Член 57-г став 2 од Законот за девизно работењe („Службен весник на Македонија” бр.34/2001, 49/2001, 103/2001, 54/2002, 51/2003, 82/2008, 24/2011, 135/2011, 188/2013, 97/2015, 153/2015 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.110/2021 и 37/2025). 

Реклама

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. Реферат У.бр.37/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 54 став 1 во делот „2024 година 10%”, став 2 во делот „2024 godina 8%” и член 59 став 1 од Законот за минимален  глобален данок на добивка („Службен весник на Македонија“ бр. 3/2025). 

Подносител на иницијативата: Боби Спирковски, адвокат

3. Реферат У.бр.146/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 6 став 1 и член 62 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Македонија” бр.18/2020). 

Подносител на иницијативата: Дарко Костовски, адвокат 

4.Реферат УЗ.бр.12/2025 

Судот поведе постапка за оценување на член 97 ставови 6,7,8,9 и 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи бр.01-4228/1 од 12.07.2023 година и бр.0102-4/1 од 21.07.2023 година и не поведе постапка за член 98 од истиот Колективен договор. 

Подносител на иницијативата: Управа за јавни приходи, преку Елена Петрова, директор

5. Реферат У.бр.116/2023

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на член 1, 2, 3, 4 и 8 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Македонија” бр.147/2023)

Подносител на иницијативата:  Славко Димитров

6. Реферат УЗ.бр.16/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста член 9 став 2 и член 43 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Македонија“ бр. 65/19, 162/19, 233/20, 312/20 и 38/2022) и за Табеларниот норматив за корекција на варијабилниот дел од надоместокот за топлинска енергија во колективен станбен објект од Правилникот за утврдување на квалитет на испорачаната топлинска енергија бр.11-18/1 од 04.01.2024 година, донесен од ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

Подносител на иницијативата: Вера Георгиева

7. Реферат УЗ.бр.23/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 9 ставови 3, 4, 5 и 6 од Правилникот за овластување за овластен геодет и за именик на овластени геодети („Службен весник на Република Македонија” бр.95/2015 и „Службен весник на Македонија” бр.183/2019, 246/2024 и 70/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев