Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Грипот под контрола во Штип, пациентите се со полесни симптоми

Иако во штипските здравствени ординации има пациенти со симптоми на грип, сепак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако во штипските здравствени ординации има пациенти со симптоми на грип, сепак ситуацијата е под контрола, вели лекар специјалист по семејна медицина Валентина Митрова. Таа посочува дека пациентите се жалат на кашлица, покачена телесна температура, малаксаност, главоболка и слично. Но, и кај децата и кај возрасните нема некои посериозни компликации од грип или заболувања слични на грип.

-Бројките се пониски од она што очекуваме, можеби и надворешните прилики, повисоките температури можеби сето тоа придонесува за помал број на заразени од грип. Релативно поминуваат со лесни симптоми, голем дел од возрасните поминаа полесно бидејќи се вакцинирани  – вели Митрова.

Препораките остануваат исти, граѓаните да бидат внимателни и да водат грижа за сопственото здравје. Тоа значи да се консумира полесна храна, доволно течности, но и да не се земаат лекови на сопствена рака без лекар.

Реклама

– Општите препораки се консумирање лесна храна, одмарање, изолација, и да не земаат лекови на своја рака. Атибиотик на своја рака да не се зема, пробиотик може – вели Митрова.

Дополнително се препорачува пациентите со хронични заболувања навремено да ја примаат својата терапија препишана од лекар, со цел периодот на грип да помине без поголеми компликации.