Реклама

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеше авион до Ниш, времето на злоупотреба на државни ресурси заврши

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДСМ без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ, пак, владиниот авион го користеше и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДСМ го користеле 25 дена.

Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка.

Реклама

Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска со хеликоптер на МВР леташе до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка среде пандемија.

Заев и Филипче, наместо за борба против ковид-19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп.

Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси имајќи предвид дека едно летање на хеликоптерот чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали.

СДСМ, наместо демагогии и лаги, да понуди идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата.

Врeмето на недомаќинско работење како во времето на СДСМ заврши.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа што носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните.