Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Од 1 март за потврда на онлајн плаќање ќе се користат м-ТОКЕН, пин-код или отпечаток на лице и прст

Од 1 март годинава банките нема веќе да ги користат таканаречените „СМС-ОТП“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 март годинава банките нема веќе да ги користат таканаречените „СМС-ОТП“ кодови за потврда на онлајн плаќањето на корисниците, бидејќи се воведува нов начин на автентикација на корисниците наречен „ЕС-СИ-ЕЈ“ или посилна автентикација при извршување одредени платежни трансакции.

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека засилената автентикација ќе се користи кај платежни трансакции иницирани на далечина, и тоа: плаќања со платежни картички при електронска трговија, како и кредитни трансфери иницирани преку интернет-банкарство или мобилни апликации на банките.

Засилената автентикација се заснова на користење на најмалку два од три меѓусебно независни елементи:

Реклама
  • Елемент на знаење – нешто што го знае корисникот, на пример лозинка или ПИН,
  • Елемент на поседување – нешто што го поседува корисникот, на пример мобилен уред, токен или платежна картичка,
  • Елемент на својство – нешто што е својствено за корисникот, како биометриски податоци, отпечаток од прст или препознавање лице.

Тоа значи дека досегашните начини на потврда на трансакции, како што се еднократни кодови доставени преку СМС или електронска пошта, кои се користат во рамки на постојните решенија, ќе бидат заменети или надградени со посовремени и побезбедни механизми, во согласност со барањата на засилената автентикација.