Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Преполни корита, подуени реки, пороен дожд – Македонија уште не е излезена од опасната зона за поплави

Нови излевања на реките нема, но водостојот останува зголемен. Секој нов пообилен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови излевања на реките нема, но водостојот останува зголемен. Секој нов пообилен дожд е потенцијана закана за нова криза. Најдраматична сега е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде што денеска нивото на реката достигнало 196 сантиметри во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри. Зголемување на нивото на водата за два и пол пати повеќе, односно 220 сантиметри е во моментов на реката Вардар, кај Јегуновце, а покачување е регистрирано и во Скопје, Велес и Демир Капија. Според УХМР, зголемување на нивото на водата се бележи и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.

„И денеска се очекуваат повисоки водостои на реките во западниот дел од земјата, како и на сливовите на Вардар и Треска со можност за локални излевање доколку продолжат врнежите. Врнежи се најавени и во источните делови, поради овие најави апелираме до граѓаните на внимателност да ги следат препораките на надлежните институции и навремено да пријавуваат опасности на телефонскиот број за итни повици на Центарот за управување со кризи 112“, изјави Надица Вʼчкова, портпарол на ЦУК.

 Од Центарот за управување со кризи велат дека сега има појава и на лизгање на земјиште.

Реклама

„Во текот на денешниот ден е регистриран еден повик на бројот за итни случаи 112, за појава на лизгање на земјиште во село Голема Речница, при што постои опасност по една куќа. Во кичевско имаше слаби врнежи од дожд во текот на денешниот ден, но без нови поплави. Продолжуваат интервенциите како последица од претходните денови. Евакуираните 250 лица се сè уште сместени во спортскиот центар „Христо Узунов“, за кој се обезбедени храна, вода и медицинска помош“, изјави Надица Вʼчкова, портпарол на ЦУК.

Реката Варадар вчера повторно се излеа кај селото Форино и беа регистрирани нови поплавувања. Службите се на терен работат на расчистување и испумпување на водата.