Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Од Скопје ќе се лета за Палермо и за Сардинија: Две нови линии од јули

Ова лето граѓаните ќе можат за само 40 евра да летаат до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова лето граѓаните ќе можат за само 40 евра да летаат до познатите италијански бисери на Медитеранот, Сицилија и Сардинија.

Од 15 јули од Скопје ќе може да се лета до Палермо три пати неделно, а од 18  јули за Алгеро два пати неделно.

Отсега нема само италијанскиот рај да биде достапен за просечниот Макеонец, туку и европската модна метропола Милано директно се поврзува со нашиот Охрид.

Реклама

Кон крајот на март се пуштаат уште две нови авио линии, Будимпешта и Неапол, а во јуни започнуваат летовите од Охрид до полските оази на културата и бизниот, Катовице и Вроцлав.

Сите овие линии ги воведува Визер.

Во мај, пак со „Аустријан ерлајнс“ ќе може да се посетат Виенските градини со летот од Охрид ,

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува дека овие две нови авиолинии на „Визер“ уште повеќе ќе го зголемат авиосообраќајот на скопскиот аеродром, којшто ланската година сруши рекорди со над 3,2 милиони патници.

Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.

Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром, пишува на својот Фејсбук профил, Александар Николоски, министер за транспорт

За година и пол со 11 нови линии од Охрид и Скопје, граѓаните на дланка добија гурмански престолнини и центри на културата и уметноста.

Главниот град се поврза со девет европски метрополи што нудат историја, империи, музеи, мода и се главни европски туристички центри. Станува збор за Барселона, Лион и Штутгарт, а посебно значајна е и линијата кон Мадрид, градот на музиката, фламенкото и историјата. Оваа дестинација е посебно значајна бидејќи ја отвора Македонија кон шпанската култура и туристички дестинации.

Со стартот на зимскиот ред на летање, мрежата дополнително се прошири со летови кон Прага, Бари, Лелн и Женева, но со летот до Стокхолм, граѓаните се доближија до скандинавската култура и иновации.

Паралелно со ова, и аеродромот Охрид доби две нови директни линии што веќе се во редовен авио-сообраќај. Од Охрид се лета до градот на империите и базарите Истанбул , а со летот Охрид Базел, ланската туристичка сезона македонскиот бисер се наполни со туристи од Франција.