Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. 

Како што информира ЈП „Македонијапат“, сите патни правци во државата се проодни. Од 7.50 часот, поради врнежи од снег, се укинува забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, од 7.55 часот се укинува забраната за камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 9 часот, поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка, се укинува забраната за сообраќај за автобуси, а за другите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

На одредени патни правци, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината на условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и сите патни правци ги одржуваат проодни.