Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Уставниот суд ќе склучи меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители

Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања, Уставниот суд на Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе склучат меморандум за соработка.

Како што информираат од Уставниот суд, меморандумот се склучува со цел да се воспостави и унапреди соработката, да се овозможи размена на знаења и искуства, како и зајакнување на институционалните капацитети.  

Со овој документ двете институции ја потврдуваат својата заложба за продлабочување на стручната едукација и унапредување на разбирањето на уставната рамка, заштитата на уставноста и законитоста и развојот на современи институционални стандарди.

Реклама

Од Уставниот суд посочуваат дека соработката ќе придонесе за континуирана стручна соработка и за унапредување на уставно-правните институционални прашања, кои се од значење за правниот поредок и демократскиот развој на државата.