Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Ивановски: Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те во делот на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт.

„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму прогресот во моментот од страна на изведувачот не е според очекувањата, но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес – пишува Ивановски на својот профил на „Фејсбук“.

Коридорот 8, додава тој, е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранското со Црното Море.