Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Кашиковски од СУТКОЗ: Го поддржуваме новиот закон против пушењето, но да се најдат начини да не се предизвика намалување на бројот на работници

Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, во изјава за медиумите денеска истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, во изјава за медиумите денеска истакна дека тие го поддржуваат новиот закон за заштита од пушење, но, како што рече, треба да се најдат начини и мерки да не предизвика намалување на бројот на работници во овој сектор. 

– Ние како синдикат имаме забелешки и ќе ги доставиме. Очекуваме и угостителите, Комората на угостителите, односно на работодавачите, да ги даде своите забелешки. Нашите забелешки се во насока да не се загубат работни места. Ние го поддржуваме носењето на законот, меѓутоа треба да се најдат начини и мерки да не придонесе за намалување на бројот на работници во овој сектор. Знаеме дека овие два сектора се дефицитарни со кадар. Покрај ниските плати, некои од работниците ни заминуваат во странство. Сметаме дека и ова ќе биде еден вид мал удар за намалување на бројот на работници во овие два сектора – во угостителството и во туризмот – рече Кашиковски пред свечената академија по повод 35 години од формирањето на СУТКОЗ.

Тој смета дека добро е решението што беше во претходниот закон, со кој во угостителските објекти беше обезбеден дел за пушачите.

Реклама

– Сметаме дека добро е решението што беше во претходниот Закон за пушењето, со кој беше обезбеден дел за пушачите во објектите. Треба да биде посилна контролата и мислиме дека на тој начин ќе се задоволат на еден начин и двете страни. Знаеме дека и досегашниот закон предвидуваше одредени простори за пушачите или таканаречени тараси, предвидуваше таков дел во кој пушачите ќе бидат во можност да може да уживаат во тоа свое задоволство. Сметаме дека со стриктна примена, со посилни контроли, ќе се придонесе на тој начин – рече претседателот на СУТКОЗ.

Кашиковски нагласи дека како синдикат даваат поддршка и во однос на поригорозност на новиот закон за угостителство, кој се изработува од Министерството за економија и труд. 

– Апсолутно како синдикат даваме поддршка во однос на поригорозност на законот. Зошто? Бидејќи ние како синдикат, меѓу другото, го застапуваме и делот за безбедност и здравје при работа на работниците и сметаме дека со овие построги законски решенија би се избегнале можности и за повреди на посетителите во одредени објекти, заштитата на работниците во овие два сектора би била поголема. Покрај унапредувањето на работничките права, ние како синдикат се залагаме за почитување на сите оние мерки за безбедност и здравје при работа не само за работниците туку и за посетителите на одредени објекти – рече претседателот на СУТКОЗ, Кашиковски.