Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Манасиевски: Не смееме да дозволиме партиско инструирани личности повторно да ги водат правосудните органи

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби’’ од страна на СДСM и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу- рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од вкупно 12 обвинители, додека пак останатите 5 коишто требале да се приклучат, се приклучиле за многу кратко време, само поради фактот што еден од тие 5 обвинители морал да биде Гаврил Бубевски. Се чекало на амин од страна на Зоран Заев за овој тим да се оформи и да почне со работа.

СЈО кое било користено за интересите и потребите на СДСM, информации кои ние долго време ги говоревме, денес веќе и се потврдуваат.

Реклама

Дека станува збор за договор на Катица Јанева и Зоран Заев во тоа време, говори сведоштвото на Кадриу, која вели дека Јанева на своите вработени им кажала дека на ден 30.12.2015 година, не мораат да дојдат на работа, туку да си ги спојат тие деновно односно со празниците и да одмораат дома но, една од оние кои не го направиле тоа била и Лејла Кадриу, која сведочи како тој ден кога не требало никој да има на работа, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други лица биле во СЈО и носеле материјали кои незаконски ги примиле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска. Дополнително на ова, сите таканаречени бомби, биле прво праќани до ЈО, за потоа да бидат проследени до СЈО, за Катица Јанева да ги распореди кој предмет за кој обвинител да го работи.

Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, биле толку големи професионалци во својата работа, што овие пријави од Зоран Заев ги преземале без никаков записник, што е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите.

Од една страна ја имаме, Ристоска која сака да биде државен јавен обвинител, која во тие моменти била воодушевена од присуството на Заев и Шекеринска, нешто коешто во својата работа не смее да го покажува. Имено, дали баш на овој начин Ристоска би го водела и обвинителството, со симпатии кон одредени структури во државата?

Од другата страна, го имаме Гаврил Бубевски, човек кој самиот се фалел дека не смеело ништо да помине токму без негово одобрение во СЈО, човекот кој имал 4 телефони, и на секој телефон добивал различни насоки од луѓе кои му кажувале кој предмет кој обвинител да го работи. Со тоа, директно надворешни структури, односно Зоран Заев и СДСM влијаеле на епилогот на овие пријави.

Овие професионалци кои денес глумат жртви треба да се извинат за она што го правеле во минатото, по сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, личност која ја делела истата канцеларија токму со овие луѓе.

Не смееме да дозволиме партиско инструирани личности повторно да ги водат овие правосудни органи. Правда и одговорност мора да има.