Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Владина делегација во Париз на средби со раководството на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион

Владина делегација, предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владина делегација, предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес и утре престојува во работна посета на Париз, каде остварува средби со високи претставници на УНЕСКО.

На средбите ќе бидат истакнати заложбите на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, како и воспоставувањето систем за заштита кој гарантира интегритет и автентичност на ова подрачје како исклучителна универзална вредност. Делегацијата ќе разговара и за мерките што се преземаат за спроведување на препораките од реактивните мисии на УНЕСКО од 2020 и 2024 година, како и за реализација на стратегискиот план за рехабилитација.

Во рамки на посетата се планирани средби со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, како и со повеќе високи претставници на организацијата. Во составот на делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа; градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира.