Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Правните лица од кои е запленета марихуаната во акцијата што е во тек не го почитувале законот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека запленетата марихуана, шишиња произведено масло од канабис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека запленетата марихуана, шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод) и биомаса од правните лица кои се занимаваат со овој бизнис, според истрагата, е резултат на непочитување на законот, но оти тоа треба да биде потврдено и во судска постапка. Досега, вели се запленети 40 тони марихуана, но, не ја исклучува можноста до крај на акцијата да бидат 100 тони. Премиерот најави дека на следната владина седница ќе биде донесена одлука да се направат проверки во сите правни субјекти. За жал, нагласи, ова е резултат на една погрешна политика, на картелска политика, којашто ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ. 

-Законот треба да се почитува. Овие коишто се предмет на оваа акција не го почитувале законот. Така ние мислиме. За да на крај дојдеме до решение, ќе каже судот низ една постапка дали го почитувале или не го почитувале. Ние мислиме во истрагава сега што ја водиме и во акцијата, дека не го почитувале. Ќе видиме тој процес понатаму ќе се развива. Можеби судот ќе каже државата не е во право, го почитувале законот, но, ние мислиме дека не го почитувале, сме ги конфискувале овие количини и сега истите проверки ќе ги направиме и во други правни лица коишто се занимаваат со оваа дејност, изјави македонскиот премиер во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со репрезентативните синдикати на администрацијата.

Тој нагласи дека македонската регулатива дозволува извоз на масло од канабис за медицински цели, но нагласи, за тоа треба да се почитува законот и воспоставените норми. 

Реклама

-И сега нашата регулатива дозволува извоз на масло коешто се користи во медицински цели. Но, тоа има одредени норми и стандарди коишто треба да бидат постигнати. Вие не можете да декларирате отпад, отпад се знае, се гранки, лисја, а внатре во декларираниот отпад да најдете тврдо пресуван цвет од канабис. Јас не сум бил толку вклучен во оваа работа, но изминативе денови разговарав со многу луѓе коишто се познавачи на оваа област. Од самиот почеток на носење на првиот закон, па сè до денеска. Законот е генерално ист, но, некој министер, а тоа деновиве ќе се разработува, дозволил да се промени правилникот којшто е спротивен на законот. Значи, ние имаме подзаконски акт кој е во колизија со самиот закон и ниту еден познавач и ниту еден којшто во овој бизнис е успешен, не ми кажа дека, цвет од канабис, којшто не е третиран по посебни стандарди, има таму затворени простории и така натаму и така натаму, сега да не, да не навлегувам во такви детали, може да произведе цвет којшто потоа ќе се користи за производство на масло и тоа масло потоа да се користи во медицински цели, рече премиерот Мицкоски. 

Тој вели дека законското решение е добро, но оти е спорен правилникот кој бил дополнително донесен.

-Јасно се знаело се, уште кога се носел правилникот, кога се дозволило на отворено да се одгледува канабис, истиот да се чува како што се чувал, истиот да се складира како што се складирал. Од тоа што успеав изминативе денови да го научам, почетникот во овој бизнис знае дека така таа работа не бива. Не може така да се добие производ со којшто ќе се задоволат ГМП нормите и стандардите за извоз на масло, кое потоа ќе се користи во медицински цели. Дали тоа некој со умисла го правел, дали тоа го правел со некаква друга цел, истрагата ќе даде одговор, рече Мицкоски потенцирајќи оти тие што работат законски нема да имаат никакви проблеми.

Тој апелира на внимателност во услови кога, како што рече, се спроведува најголемата акција во борбата против дрога и наркотични средства во Македонија.