Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Средношколци од Кратово преку регионален проект градат мир и културна размена со врсници од Црна Гора

Во рамки на проектот „Од приказни до решенија“, поддржан од Регионалната канцеларија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на проектот „Од приказни до решенија“, поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), средношколци од СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово и СМУ „25 Мај“ од Тузи, Црна Гора, реализираат заеднички активности насочени кон градење мир и унапредување на културната размена на територијата на Западен Балкан.

Како што информира директорката на СОУ „Митко Пенџуклиски“, Драгана Андреева-Јакимова, училиштето по вторпат е меѓу 100-те „суперучилишта“ на Западен Балкан, избрани во рамки на програмата за ученичка размена на RYCO. Првата размена била реализирана во јануари, додека деновиве кратовското училиште е домаќин на учениците од Тузи во рамки на втората размена.

Во текот на активностите учениците работеле на темата „Градење мир“ со фокус на Западен Балкан, преку интерактивни игри и работилници како „Топчето на мирот“, „Мировно бинго“, „Дрвото на мирот“ и „Кулите на мирот“, насочени кон развивање на соработка, комуникација и меѓусебно почитување. Преку алатката „сторителинг“, младите на креативен начин креирале визии и приказни за иднината на регионот.

Реклама

Посочи дека во текот на петте дена размена учениците меѓу низата активности ја спровеле и  „Сподели баклава, сподели мир“ – гастрономска работилница со  различни видови баклави што се подготвуваат на Западен Балкан, гастрономско наследство кое сите го споделуваме и можеби,рече, преставува вкус на мирот. Баклавата била споделена со локалната заедница на плоштадот во Кратово споделувајќи ја идејата за мир. 

Креатори и координатори на проектот од СОУ „М.Пенџуклиски“ се професорите Младен Мицевски и Татјана Иванова Симонов, кои во рамки на истиот спроведоа „Мировна прошетка“ низ културниот диверзитет на Кратово,а учесниците споделиле мировна порака инспирирани од богатата култура и историја на Кратово во која се испреплетуваат повеќе нации, религии и културни обележја. 

-На завршниот настан ги претставивме резултатите од нашата работа во текот на двете размени. Изложбата на сликите, постерите и дигиталните содржини го потврдија  процесот на градење мир на Западен Балкан. Како вистински професионалци нашите учесници целосно го организираа и реализираа овој настан презентирајќи ги своите дела пред присутните. Беше одржана и панел-дискусија со наставници координатори и ученици од двете училишта, претставници од невладиниот сектор и локалната самоуправа на Кратово. Се дискутираше за процесот на градење мир на Западен Балкан, огромното значење на вакви проекти за младите и за нивните идни делувања во локалната заедница, како и зареволуционерните промени што ги прават во општеството наставниците – координатори на вакви иницијативи, додаде Андреева –Јакимова.

Нагласи дека на покана на Европската куќа Крива Паланка реализирани се и четири едукативни работилници спроведени од експерти, учесниците ги посетиле манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и локалитетот „Камени кукли“.