Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ денеска во Охрид

Во рамки на „Прличевите беседи“ денеска во Охрид ќе се реализира осмото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на „Прличевите беседи“ денеска во Охрид ќе се реализира осмото издание на проектот „Добри гости“, преку гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Како дел од литературните средби организирани од издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ од Охрид и „Култура Бета“, на денешната средба во Охрид ќе се претстават авторите Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Теодор Тасевски,
Јана Секулоска,
Марија Велинова, Тони Попов, Марина Шикова Димовска,
Јордан Коцевски,
Марина Икономова Шокева,
Зоран Јакимоски,
Славе Ѓорѓо Димоски,
Мирко Томовски,
Митре Мангоски Радождански, Митко Колјушевски, Андреј Медиќ Лазаревски и Јулијана Величковска.

Реклама

Настанот ќе започне со промоција на најновата стихозбика на Андреј Медиќ Лазаревски ‒ „Багет полн печени полжави полиени со уље истечено од Вардаровите галии“, издание на „Култура Бета“. Промотор ќе биде Јулијана Величковска, а потем ќе следува и книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар, во Куманово, во Охрид и во Прилеп, а предвидени се гостувања во уште градови низ земјата.