Реклама

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

Македонија

Град Скопје: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

Град Скопје го објави првиот конкурс  за културно-уметнички проекти за „Скопје –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје го објави првиот конкурс  за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Проектите избрани преку овој меѓународен конкурс ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028“ и ќе се реализираат низ целиот град и во сите десет општини, како во институционалните простори, така и на јавни локации. 

-Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти. Проекти кои нема да живеат само една година, туку ќе остават трајна вредност во градот, во заедниците и во целокупниот културен екосистем, велат од Град Скопје.

За таа цел, како што нагласуваат, бараат проекти со силен концепт и јасна европска димензија, општествена и културна вредност, професионална реализација и подготвеност за работа во комплексен и динамичен процес.

Реклама

Првата фаза на селекција на аплицираните проекти ќе ја спроведе независното тело Скопје 2028, врз основа на формалните и квалитативните критериуми утврдени во јавниот повик.

Втората фаза на селекција ќе ја спроведе Главното жири, составено од двајца домашни експерти, уметничкиот раководител, како и два меѓународни експерти од Европската Унија, согласно добиените стручни насоки, добиени по консултација со администрацијата во Брисел.

– Европска престолнина на културата не е сцена за импровизација. Тоа е заедничка обврска кон Европа, дека знаеме да создаваме, да управуваме и да реализираме врвни културни програми. Доколку сте културна институција, организација, уметник, креативен колектив или професионалец кој верува во силата на културата да ги менува градовите, ова е вашиот момент, се вели во соопштението од Град Скопје.

Оттаму нагласуваат дека ова е еден од неколкуте повици кои ќе бидат објавени во иднина.