Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јорданов: Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини и локалните институции ќе бидат за регистрирање на девијатно однесување, вандализам

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките, парковите во Штип нема да се користат за системот „Безбеден град“ вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека овие камери, кои ќе се постават на 156 локации треба да го спречат вандализмот, односно девијантното однесување и уништувањето на парковите, урбаната опрема низ градот, а како што вели ќе служат и како доказен материјал на Министерството за внатрешни работи и за останатите институции. 

-Ќе имаат функција на контролирање и видео надзор на јавна површина за заштита од девијантно однесување, уништување на урбана опрема и ќе служат како доказен материјал во одредена постапка на СВР Штип. Камерите ќе забележуваат девијантно однесување, оти станува збор за паметен систем, кога има одредена појава тој ја регистрира и дава информација, рече Јорданов. 

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова вели дека за реализација на овој проект имаат три тендерски постапки, од кои две веќе се завршени и тоа за интернет и за набавка на камерите, а деновиве ќе биде објавена и постапката за изведба на градежни работи.