Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

„Срам и пари“ награден на филмскиот фестивал „Санденс“

„Срам и пари“ (Shame and money) во режија на Висар Морина ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Срам и пари“ (Shame and money) во режија на Висар Морина ја освои големата награда на жирито – World cinema grand jury prize: Dramatic, на годинешното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, соопштија денеска од екипата.

Филмот е реализиран како копродукција помеѓу Германија, Косово, Северна Македонија, Словенија, Албанија и Белгија. Македонски копродуцент е Марија Димитрова со „Лист продукција“ од Скопје, а со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

– „Срам и пари“ беше дел од натпреварувачката категорија World cinema dramatic competition на фестивалот, што оваа година за последен пат се одржува во Парк Сити – Јута, САД, од 22 до 31 јанаури, пред да биде преселен во Болдер, Колорадо, каде што ќе се одржува од идната година. Филмот ја следи приказната на Хатиџе и Шабан – брачен пар во своите 40-ти години, кои со своето пошироко семејство живеат на фарма во рурално Косово. По семејниот спор, начинот за нивна егзистенција на село е оневозможен, а тие се принудени да се преселат во Приштина. Соочени со притисокот да најдат работа и место за престој за да може да се грижат за своето семејство, за Хатиџе и Шабан почнува истоштувачко патување низ суровото хиперкапиталистичко општество – наведоа во соопштението.

Реклама

Главните улоги ги играат Астрит Кабаши, Флоња Кодели, Кумрије Хоџа, Фиона Главица и Албан Укај, а сценариото е на Висар Морина и Дорунтина Баша.

Македонската екипа ја сочинуваат Марија Димитрова – копродуцент, актерите Теута Ајдини и Рефет Абази, тон-мајсторот Игор Поповски, микроманот Дарко Бошковски, мајсторот на светло Костадин Дончев, мајсторот на сцена Трајче Величковски и координаторот на продукција Александар Атанасов.

– „Срам и пари“ се најде и на листите за најдобрите филмови на „Санденс 2026“ на „Холивуд рипортер“ и на „Вараети“ заедно со хит филмовите на фестивалот, како The invite, I want your sex, Josephine, Leviticus, Wicker, а доби и голем број позитивни критики во другите гласила за филм – се истакнува во соопштението.