Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Забрана за камиони на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, магла на Плетвар

Од 19.30 часот вечерва воведена е забрана за тешки товарни возила на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 19.30 часот вечерва воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки. Од 19.40 часот се укинува забраната на сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец с.Шипковица-Попова Шапка воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег. 

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека, Буково, Плетвар и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица, Делчево и Смојмирово. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со  остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Реклама

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.