Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Ристески: Владата работи на економски раст, зголемување на животниот стандард и раст на сите плати

Мораме сите заедно да соработуваме во рамки на Економско-социјалниот совет за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мораме сите заедно да соработуваме во рамки на Економско-социјалниот совет за да ги решаваме прашањата кои се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани, вели заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

– Ние како влада и министерство за економија и труд спроведување голем број на мерки и активности за подобрување на животниот стандард и раст на сите плати. Изминатиов период се работеше на финансиска консолидација и стабилизација по еден навистина турбулентен период во економијата изминативе 7-8 години, имаме позитивни резултати и врз истите треба да ги градиме идните економски политики – кажа заменик-министерот Ристески на денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, соопшти Министерството за економија и труд.

Ристески додаде дека сите прашања се дискутираат на ЕСС и сите решенија треба да произлезат преку дијалог на инволвираните страни.

Реклама

-Оваа Влада не поддржува ад хок решенија за важни економски прашања, истите не треба да се административно-политикантски одлуки со кои може да се нанесат и други потреси во економијата, туку истите треба да се производ на сериозен пристап, анализа на економските параметри и преговори на инволвираните страни. Токму овој несериозен пристап од минатата политичка гарнитура во јавниот сектор создаде хаотична ситуација со платите, каде истите се регулираат со разни колективни договори, правилници и одлуки, а како резултат на тоа имаме состојби каде денес во исти ресори, па дури и во исти институции, вработени на исти позиции да имаат различни плати, вели тој.

Ристовски укажува и дека на најголемиот дел од вработените во јавниот сектор веќе им се зголемени платите.

-Во делот каде ние сме работодавач, досега потпишани се колективни договори со кои на најголемиот број од вработените во јавниот сектор им се зголемија платите во повеќе сектори (образование, здравство, МВР, култура, социјалните центри…), а остануваат околу 7.300 вработени во министерствата. Ние како Влада предложивме скалесто зголемување и формула со која до 2028 година и на овие вработени би им се зголемила платата за околу 40 проценти – додаде Ристески, стои во соопштението.