Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Општина Гостивар: Градоначалникот Лимани договори со Независниот синдикат за образование, наука и култура – Гостивар исплата на К-15 за сите наставници

Општина Гостивар, под раководство на градоначалникот Валбон Лимани, постигна договор со Независниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гостивар, под раководство на градоначалникот Валбон Лимани, постигна договор со Независниот синдикат за уметност, наука и култура – Гостивар за исплата на К-15 за сите наставници, иако ова не беше директна законска обврска на општината во оваа фаза, се наведува во соопштението ан Општина Гостивар. 

Во периодот кога Владата пушти дотации и кога според законскиот рок исплатата на К-15 требаше да се изврши до 31.12.2025 година, Општина Гостивар ја водеше владин повереник. Воедно, пуштените дотации беа наменети само за основните училишта, не вклучувајќи ги другите образовни институции, што директно влијаеше на неизвршувањето на исплатата во законскиот рок.

Откако актуелното раководство на Општина Гостивар ја презеде одговорноста, се одржа конструктивен дијалог со Независниот синдикат за образование, наука и култура – Гостивар и беше постигнат џентлменски договор, според кој исплатата на К-15 за сите наставници, вклучително и оние од институциите кои не биле опфатени со дотациите, ќе се изврши според договорен распоред до крајот на април оваа година.

Реклама

Градоначалникот Валбон Лимани нагласува дека Општина Гостивар останува посветена на почитување на социјалниот дијалог, заштита на правата на образовните работници и одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, секогаш во интерес на граѓаните.