Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Здружението Женски Форум – Тетово одбележа 25 години работа за унапредување на правата на жените

Здружението Женски Форум Тетово одбележа 25 години постоење и активно делување со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението Женски Форум Тетово одбележа 25 години постоење и активно делување со пригоден настан под мотото „25 години – Зајакување на жените, Инспирирање промени“.  

Здружение своите проектни активности две и пол децении ги има посветено на унапредување на правата и положбата на жените, превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, како и јакнење на жените и заедницата.

– Овие 25 години заедно со активистите и соработниците го покривавме теренот во Полошкиот регион работејќи на најзначајните проблеми што ги засегаат жените во општеството, како што се родова еднаквост, трговија со луѓе, борба против родово базирано и семејно насилство,семејно гласање и гласање во име на друг. Да се работи на овие теми во почетоците во 2001 година кога започнавме и не беше така лесно и едноставно. Но, со упорна работа, активно делување и здружени со сите жени успеавме да постигнеме значајни резултати за кои што сме денес тука, изјави Слаѓана Тодоровска, проектна координаторка во Женски Форум. 

Реклама

Активистката и експерт Афердита Хаџијаха Имери, во пригодното обраќање посочи дека Женски Форум  25 години беше безбеден простор, платформа за учење и глас за жените, особено за тие од руралните средини и маргинализирани заедници кои често се исклучени од јавниот живот. 

-Оваа организација е основана од Џане Крешова, чија вера во сила и потенцијалот на жените ја постави основата за што денес го славиме. Нејзиното лидерство и решителност претворија една идеја во движење кое денес инспирира и охрабрува генерации на жени. Во изминатиот четврт век женскиот форум беше многу повеќе од граѓанска организација. Преку едукација, подигнување на свеста и работа во заедниците Форумот им помогна на жените да ја зајакнат самодовербата, да ги препознаат своите права и активно да учествуваат во обликувањето на сопствена иднина, посочи Хаџијаха Имери.

Преку визуелна презентација беа прикажани дел од бројните активности и заеднички достигнувања, а присутните споделија искуства во соработката и постигнатите резултати.