Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Николоски: Комплетно сме спремни за патот Романовце – Страцин, се чекаат средства од ЕУ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски вечерва изјави дека има проект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски вечерва изјави дека има проект за автопат или експресен пат Романовце – Страцин, завршена е експропријацијата и, како што рече, комплетно сме спремни од наша страна и само се чекаат средства од ЕУ за делницата која е дел од Планот за раст. 

Николоски во госстувањето на една од националните телевизии информира дека ЕУ создаде План за раст во кој, како што рече, има обврски за Македонија и обврски за ЕУ.

-Обврските Македонија релативно добро ги завршува, најдобро од сите земји од регионот. Тоа го потврдуваат од ЕУ. Обврските на ЕУ некако малку ги поместија. Автопатот или експресниот пат Романовце – Страцин е дел од Планот за раст, кој треба да го финансира ЕУ, но до денес за жал се уште нема активности. Ние за да не сме непристојни, неодговорни ќе почекаме уште некое време, но не можеме вечно да чекаме зошто граѓаните не смеат да чекаат. Стратешки е битно ние автопатски или со експресен пат да се поврземе целосно со Бугарија, рече Николоски. 

Реклама

Тој вели дека има проект за оваа делница, завршена е експропријација и, како што рече, комплетно сме спремни од наша страна и се чекаат средства од ЕУ. 

– Уште некое време ќе почекаме. Не мислам на десетици години, туку на неколку месеци максимум до една година. Ако тргне проектот на тој начин одлично, а ако не ќе бараме други извори на финансирање. Да е јасно за граѓаните, Планот за раст во најмал дел е грант, зборуваме за кредити. Овие проекти главно се финансираат од кредити. Ако кредитот е преку Планот за раст одлично, а ако не ќе бараме други кредити, појасни Николоски.