Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Потпишан меморандум за „Агромак 2026“, Куманово ќе биде домаќин на меѓународна агро-научна конференција

Комората на органски производители и Фондацијата за култура од Куманово, денеска потпишаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комората на органски производители и Фондацијата за култура од Куманово, денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на втората меѓународна научна агро-бизнис конференција „Агромак 2026“ која ќе се одржи во Куманово од 2 до 4 април, годинава. Меморандумот го потпишаа претседателот на комората, Драган Цветковиќ и директорката на Фондацијата, Сања Давидовиќ.

Годинашнава тема е насловена „Локални ресурси и глобални предизвици: интегрирани пристапи кон одржлив рурален развој во ерата на климатските промени“. Организатори на конференцијата се Комората на органски производители на Македонија (КОП) и партнери.

– Интересот на младите за развојот на селото, современите аграрни трендови и науката не може да се мери исклучиво преку бројот на запишани ученици и студенти во средните и високошколските образовни институции. Тоа многу повеќе се гледа во внатрешната љубопитност за истражување и создавање, во просторот што им овозможува на младите да се запознаат со тематиката, да експериментираат, да иновираат и да поставуваат прашања, како и во можностите за директна соработка со нивните наставници, професори и научници. Подеднакво важна е и подготвеноста на државата и институциите да ја препознаат и системски да ја поддржат таквата енергија и иницијатива, изјави претседател на организацискиот одбор на Агромак и на Комората на органски производители на Македонија (КОП), Драган Цветковиќ.

Реклама

Втората агро-научна конференција е можност за средба меѓу науката и практиката, простор за дијалог и заедничко учење, како и платформа за интерактивна работа со младите и производителите. Преку отворена комуникација и размена на знаења, ваквите настани придонесуваат науката да стане разбирлива, блиска и препознаена како вистински сојузник во одржливиот развој.

– Една од нашите клучни општествени задачи е науката да ја доближиме до земјоделието и до младите на начин што е разбирлив, применлив и животно релевантен. Науката не смее да биде доживувана како нешто далечно и недостапно, како свет на лаборатории и формули затворен сам во себе. Напротив, земјоделската наука мора да биде живо поврзана со полињата, селата и луѓето, насочена кон решавање на реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат земјоделците, земјоделските стопанства и руралните заедници, објасни Цветковиќ.

Тој кажа дека досега се пријавени 150 научници и професори од различни институти, оценувајќи дека станува збор за релевантен собир областа на аграрот и сродните научни дисциплини, потсетувајќи за успешноста на првата научна конференција која се одржа, лани во Свети Николе.