Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Лозово се одржа меѓународна средба од „Еразмус +“ проектот „Младите и екраните-токсична релација“

Основното училиште „Методи Митевски Брицо“ од Лозово од 26 јануари до денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното училиште „Методи Митевски Брицо“ од Лозово од 26 јануари до денеска беше домаќин на втората меѓународна средба од „Еразмус +“ проектот „Младите и екраните-токсична релација“, кој трае две години. Седум наставници од Франција, Шпанија и Бугарија, како и преставник на граѓанска организација од Шпанија преку проектот „Младите и екраните -токсична релација?“ од „Еразмус плус“ заедно со учениците од оваа училиште разговараат за последиците од „Влијанието на екраните и социјалните мрежи врз децата и младите“.

Тие   разменуваат искуства и добри европски  практики и креираат транснационални активности и модели кои што можат да се применат во различните образовни и локални средини со цел да се спречат негативните последици коишто оставаат траги и можат да бидат лош предизвик за децата – учениците.

Светлана Стојкова  координаторка на македонскиот тим во проектот,  професор по француски јазик во ООУ „Методи Митевски Брицо “ информира дека со овој проект  сите овие четири партнери се обединија во една иста мисија да го дадат најдоброто во откривањето на образовни стратегии за разрешување на сите нарушени правци во однос на употребата и злоупотребата на екраните.

Реклама

-Предизвик кој за сите засегнати во образованието и невладиниот сектор  е од голем интерес. Обединети можеме затоа што им должиме на нашите поколенија со насоки за подобро утре. Нашето искуство е трезор за нив – така беше насловена еднонеделната интернационална средба во Лозово „Си беше еднаш едно семејство и екрани!“ и  навистина бевме среќни, потенцира Стојкова.

Додаде дека на средбата беше разговарано за намалување на штетното влијание од прекумерната употреба на екраните и социјалните мрежи со што ќе се поттикне критичко и одговорно користење на дигиталните алатки. Воедно ќе се зајакне грижата за менталното, социјалното и образовното здравје на младите, а позитивните европски искуства ќе се преточат во реални и применливи решенија и за учениците и за општините.

Назарет Перал од невладината организација „Глоберс Рода де Бара“ од Шпанија, посака наскоро да биде применета добрата практика од Австралија на примена на мобилните телефони од учениците со навршување на 17 години.

Карин Анзала, додаде дека впечаток и оставила опременоста со дигиталната технологија која ја имаат на располагање учениците на ООУ „Методи Митевски Брицо“ во Лозово наспроти многу помалата во нејзиното училиште и очекувањата како таа може да се стави за корисни придобивки во образовниот процес.

Градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски, кој неделава беше домаќин на една од седумдневните средби на проектните учесници, потенцира дека се особено значајни конкретните насоки и активности од реализаторите на проектот.