Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Извештајот за спас на Охридското езеро пратен во УНЕСКО

Извештајот за спас на Охридското езеро е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот за спас на Охридското езеро е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни, кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и на се мора да бидеме подготвени.

Министерот оцени дека ситуацијата со Охрид и Охрдиското езеро не е ваква од сега, туку се работи за процес што трае 30-ина години. 

Реклама
В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љ

-Ги земавме сите потребни податоци од сите институции и врз основа на тие податоци, но и врз база на комуникацијата со Албанија, се направи извештајот. Во меѓувреме формиравме и Кризен штаб за да ја кренеме целата ситуација на многу повисоко ниво. Кризниот штаб имаше два состанока, имаме мислење од него. Минатата недела, во понеделникот, имав состанок со Националната комисија за УНЕСКО, направивме мислење, го поминавме извшетајот и во вторникот извештајот помина и на Влада. Веднаш ги мечувавме давата извештаја, и од македонската и од албанската страна и веќе се испратени до УНЕСКО. Сега, во овој период, не ни останува ништо друго, освен да го правдаме тоа што сме го направиле до периодот до февруари, истакна Љутков, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Саемот за туризам што ќе се одржи викендов во Скопје.

Прашан што очекува како одговор од УНЕСКО, одговори дека мора да се подготвуваме на се.

-Ова не е некој процес што и се случува на оваа Влада или на овие министри, туку е процес што се случува наназад 30-ина години. Мора да земеме предвид дека лани ни беше последната опомена и ова што ни дадоа рок од седум месеци да завршиме некои постапки е јасен сигнал дека тие подготвуваат, а и претходно се подготвуваше, да влеземе на листата на опасност. Се може да се очекува и треба да бидеме подготвени на се. Наша задача е да не биде тоа така и да направиме уште еден притисок да ни се даде дополнително време. Мислам дека следната сесија на УНЕСКО е во Јужна Кореја, во јуни и во тој период ќе го очекуваме одговорот од нивна страна, Ние имавме период од седум месеци да го направиме тоа што треба, сега уште пет месеци да го чекаме одговорот, подвлече Љутков.

Македонија и Албанија до 1 февруари 2026 година тебаше да достават детални извештаи до УНЕСКО за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро, како дел од обврските да го зачуваат статусот на светско природно и културно наследство и да го избегнат поставувањето на регионот на Листата на светско наследство во опасност.